Овој познат скопски културен фестивал почна вчеравечер, на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката, со изведба на операта без зборови „Од оркестарот за публиката“, што се одржа во салонот на Националната опера и балет.

И оваа година, најголемиот дел од програмата на „Скопско лето 2021“ ќе биде посветен на домашните изведувачи, но фестивалот ги отвора вратите и за меѓународна соработка, па се најавуваат гости од Србија, Хрватска, Црна Гора, Австрија, Германија и Канада.

Фестивалот „Скопско лето“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под генерално покровителство на Град Скопје.