Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, на 5 октомври 2026 година, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, граѓаните кои не користат картички од денеска можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на деловните банки низ државата.

Од ресорното министерство дополнително известуваат дека подготовката за исплата на правото на родителски додаток е во тек и истата ќе се реализира во текот на следниот период.