Тој најпрво се заблагодари на досегашниот градоначалник Живко Сиљаноски за успешната работа и најави мандат исполнет со работа и проекти.

– Се чувствувам подготвен и способен заедно со советниците на општина Македонски Брод, стручната служба, вработени во локалната самоуправа, како и локалните институции од општината, да одговорам на задачите и обврските кои со себе ги носи оваа одговорна функција, со посветено и домаќинско работење, истакна новиот градоначалник Жарко Ристески и ја потенцира програмата што планира да ја реализира во наредниот четиригодишен мандат.

– Пред започнување на изборната кампања во соработка со граѓаните од општина Македонски Брод подготвивме програма за работа со многу проекти,решенија и предлози за работа во четиригодишниот мандат и ќе започнеме со реализација на истата уште од првиот ден, нагласи Ристески и им се заблагодари на граѓаните на општина Македонски Брод, кои го дадоа својот глас и довербата за избор на градоначалник и кои веруваа во неговите искрени и чесни намери, со многу труд, посветеност, дисциплина и одговорност да ја води општината.

Тој на крајот најави дека функцијата градоначалник ќе ја извршува чесно, посветено и ќе даде се од себе да ја оправда довербата на гласачите