Во светот има околу 7 милиони починати, што е двојно повеќе од официјалните 3,24 милиони.

Над 905.000 луѓе починале од Ковид-19 во САД, односно 57 проценти повеќе од официјалниот број. Ова вчера го утврдиле научниците од Институтот за здравствени пресметки и процени при Универзитетот во Вашингтон. Официјалната бројка е околу 580.000, во согласност со статистиката на Универзитетот Џон Хопкинс.

Научниците ги проучувале отстапките во смртноста меѓу март 2020-та до мај 2021-ва година, споредувајќи го тоа што нормално би се случило во година без пандемија и потоа ги земале во предвид факторите поврзани со пандемијата.

Во Индија се стравува дека бројката на починати е многу поголема од официјално потврдените податоци. „Гори“ во Индија, но и во Непал.

Во Индија на црно се продаваат боци со кислород.