Според СВР Тетово, вчера вечер од 23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ДПИ спровеле акциска контрола во угостотелски објект, сопственост на З.Б.(47) од гостиварски Добридол.
Во локалот лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот на Гостивар било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со „ковид-19″.
Сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Тој исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, наведуваат од СВР Тетово.
При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки, танчерки, од кои три од Република Албанија и две од Република Косово, на возраст од 26 до 45 години, кои го злоупоттебиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.