Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вечер во 20 часот ќе отвори завршна изложба на која ќе бидат претставени трудови на учениците од прва до четврта година.
Ќе бидат изложени слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, како и видеа, фотографии и дигитални принтови.
На изложбата ќе бидат доделени и наградите за првенци на генарацијата, а амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, ќе им додели благодарници на учениците кои учествуваа во проектот „Canova Art Station“, реализиран со поддршка на Италијанската амасада по повод 200 години од смртта на Антонио Канова.