Владината мерка завршува денес

Од денес престанува да важи мерката за ограничување на цените и маржите на основните производи, која беше воведена пред верските празници со цел да се заштитат потрошувачите од ценовни шокови.

Ограничување на маржите: Ќе ги опфатиме сите производи – Владата подготвува нова потрошувачка кошничка и мерки за цените, вели Дурмиши

Министерството за економија најавува анализи

Од Министерството за економија информираат дека ќе следи анализа на состојбата на пазарот, а доколку се утврдат злоупотреби и ценовни манипулации, ќе се воведат нови и построги мерки. Сè уште не е познато дали новата потрошувачка кошница ќе биде за тричлено или четиричлено семејство.

Дурмиши: Ефектите беа позитивни

Министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека ограничувањето на маржите на максимум 10% имало позитивно влијание. Според него тоа придонело за намалување на инфлацијата и стабилизирање на цените на храната и пијалаците.

  • „Ако има нагли поскапувања, мерките ќе се прошират и ќе бидат уште построги“, предупреди Дурмиши.

Детали за мерката

Мерката од 20 март опфати 102 групи производи, а беа утврдени и максимални цени за осум категории од секојдневна потрошувачка.

Нови обврски за маркетите

Со измени во Законот за заштита на потрошувачи, од сега маркетите се должни секојдневно да ги објавуваат цените на своите веб-страници, со што се зголемува транспарентноста и се олеснува следењето на пазарните движења.