Претседателот на Украина Володимир Зеленски по потпишувањето на договорот за извоз на украинско жито во Истанбул објави, дека Украина располага со жито во вредност од 10 милијарди долари за продажба.

-Тоа е уште еден показател дека Украина може да ја издржи војната, рече Зеленски во вечерното обраќање, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека и Украина има шанса да ја продаде сегашната реколта. Наведе и дека по склучувањето на овој, како што оцени, важен договор ќе бидат извезени околу 20 тони од ланската сеидба.

-Можеби ќе има некои провокации од Русија, обиди за дискредитација на украинските и меѓународните напори. Но, ние им веруваме на Обединетите нации, рече Зеленски.

Русија и Украина, заедно со Турција и ОН, вчера во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море.