Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати денеска директно до американските сенатори за поддршка предгласањето за финансиска помош за војната со Русија.
Зеленски ќе се обрати преку видеоврска за време на брифинг за конфликтот, пред Сенатот да го одржи првото процедурално гласање за пакетот итна помош што вклучува повеќе од 60 милијарди долари за Киев.
Обраќањето на украинскиот лидер доаѓа откако Белата куќа вчера предупреди дека помошта ќе биде исцрпена до крајот на годината и дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја добие војната доколку Конгресот не успее да го реши спорот околу внатрешната политика што го доведе во ќорсокак финансирањето.