Во пресрет на Денот на победата, претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека Русија „заборавила на сè што им било важно на победниците во Втората светска војна“.
Тој нагласи дека целиот слободен свет може да види дека Украина е „страната на доброто во оваа војна“, а Русија „ќе изгуби затоа што злото секогаш губи“.
Како што пренесува Би-Би-Си, западните лидери, исто така, го искористија Денот на победата за уште еднаш да ги осудат акциите на Русија во Украина.
Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој беше во посета на Украина изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „оди против вредностите за кои толку многу луѓе се бореа и загинаа“.
И лидерите на Г7 рекоа дека постапките на Путин донеле „срам за Русија и историските жртви на нејзиниот народ“.