Според Зеленски, Русија не покажува сигнали да се прекине огнот. Борбите се најинтензивни во регионот Донецк, украинските сили продолжуваат да дејствуваат во рускиот регион Курск, тврди украинскиот претседател.
Шефот на Кремљ вчера ја посети Курската област за првпат откако Москва објави дека ги протерала украинските сили од областа изминатиот месец. Русија не покажува сигнали за прекин на огнот и сè уште не е подготвена да ја заврши војната, став на Зеленски.
„За жал, Русите не покажуваат сигнали за прекин на огнот и сè уште не се подготвени да ја завршат војната. Затоа, сите наши форми на притисок, целата наша работа со партнерите за притисок врз Русија се апсолутно неопходни“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Шефот на руското МНР претходно изјави дека не може да има прекин на огнот пред да има преговори со Украина. Лавров вели дека Западот веќе ја измамил Русија во 2014 година. Тогаш извршил државен удар во Киев веднаш откако украинските власти и опозицијата постигнале договор.