Уште во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на шетите. Ова го истакна градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, веднаш по големото невреме кое го зафати преспанскиот регион.

Во објавата на фејсбук страната на Општина Ресен се наведува дека градоначалникот Гошаревски истакнал дека сите алатки кои се во нивни раце ќе бидат употребени во заштита на трудот на преспанскиот земјоделец.