Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди денеска областа Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).
Поттресот бил регистриран на релативно мала длабочина од 10 километри, наведуваат од германскиот центар.
Засега нема официјални информации за настанати човечки жртви ниту за евентуална материјална штета на теренот.
