Неидентификувана жена е пронајдена онесвестена, во четврток попладне на плажа во Полихроно во општина Касандра на Халкидики.
Жената била преземена од Брзата помош и пренесена во здравствениот дом Касандра на Халкидики, објави Телеграф.рс.
Набрзо жената била прогласена за мртва.
Телото ќе биде пренесено во Солун на обдукција, пишуваат грчките медиуми.