Имено, 37-годишната жена тврдеше дека родила седум момчиња и три девојчиња, но се појави сомнеж кога таткото на децата Тебохо Цотеци изјави дека тој сè уште не ги запознал своите наследници и ја обвини Жоасиме дека ја смислила целата приказна за пари. Потоа Ситол била примена во психијатриска болница.

Лекарите од болницата Тембиса во близина на главниот град на Јужна Африка во извештајот наведуваат дека Ситол не родила ниту едно бебе ниту била бремена во последно време и дека останува под лекарски надзор, пишува „Дејли меил“.

Владата најави дека ќе преземе правна постапка против Пиет Рампеди, уредникот кој прв ја објави оваа сторија на „Pretoria News“. Рампеди сега се извини што не ги проверил тврдењата на неговиот соговорник.