Вкупниот промет во индустријата лани во ноември е зголемен за 18,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а пораснал за 10 проценти во однос на октомври 2021 година.
Во првите 11 месеци од 2021 година, пак, е поголем за 16,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во ноември 2021 година во однос на ноември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 38,5 отсто, Капитални производи за 3,8, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7 отсто.
Прометот во индустријата, пак, на домашниот пазар во ноември 2021 година во споредба со ноември 2020 година е зголемен за 21,8 отсто, во однос на октомври 2021 година пораснал за 4,9 отсто, а во првите 11 месеци од 2021. во споредба со истиот период од 2020 година е зголемен за 8,2 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2021 година во однос на ноември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 26,7 отсто, Капитални производи за 17,6, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,6 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2021 година во споредба со истиот месец од 2020 година е зголемен за 16,7 отсто, во однос на октомври 2021 година пораснал за 11,4, а во привите 11 месеци од годината е поголем за 18,3 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2021 година во споредба со ноември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 42,3 отсто, Капитални производи за 3,4, Tрајни производи за широка потрошувачка за 46,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,5 отсто.