Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 5 396 652 000 евра и бележи пораст од 18.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 894 510 000, што е за 26.2 % повеќе во лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 2 497 858 000 евра, соопшти Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите за седишта.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородните метали во колоидна состојба; соединенијата, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгамите од благородни метали.
Во периодот јануари – август 2022 година, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.