Анализирани биле примероци од Атика и од Солун, Лариса, Волос, Патра, Ксанти, Александруполи, Јанина и од четири градови на островот Крит, а резултатите се однесуваат на отпадните води на 100.000 жители за периодот од 12 до 18 јули, во споредба со една седмица претходно.

Зголемувањето во деветте региони се движи од 34 до 260 отсто, намалување има само во Волос (за 68 проценти) и во Ираклио на Крит (за 74 отсто), додека пак во Ксанти има многу мала присутност на коронавирусот.