Жена е измамена за 25 илјади евра од пријател.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Н.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна познаничка дека ја измамил за сума од 1.558.300 денари.

Според пријавеното, претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, а по завршување на процедурата ѝ ги земал парите и не сакал да се види со неа.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.