Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запалена за време на насилните антивладини протести во земјата.
Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа.
Претходно, зградата на парламентот во Непал и домовите на политичките лидери беа запалени во немирите.
Стотина демонстранти против корупцијата денеска упаднаа во зградата на Парламентот во главниот град на Непал, Катманду и го запалија.
Протестите и нападот врз Парламентот почнаа вчера поради што непалската Влада на 4 септември ги блокира на социјалните медиуми, меѓу кои Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб со образложение дека бидејќи компаниите не ги почитувале прописите.
Законот, што не е усвоен од Парламентот на Непал, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на противниците кои ги изразуваат своите ставови преку интернет.
Претходно, демонстрантите го запалија домот на премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка. Демонстрантите ги запалија и домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија на Непал, Пушпа Камал Дахал, и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.