Надлежните институции, пред се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители немаат ниту подготвеност, а ниту капацитет и ресурси да ја променат состојбата во правосудниот систем, смета народниот правобранител Насер Зибери.
Според омбудсманот, потребно е властите во земјава да земат поактивна улога за ваквата состојба да се промени, која е алармантна, а довербата на граѓаните во системот на поразително ниво. Тој додаде дека најмногу претставки во однос на човековите права најмногу доаѓаат од оваа област, односно граѓаните најмногу се жалат на судовите, адвокатите и извршителите, пренесува Канал 5.
Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта, тука мислам на влада собрание, судство, тешко дека ќе има некое посериозно подобрување, ние требаше да чекаме да не анализираат и ни се упатуваат критики од страната на амбасадата на САД на ЕУ за да се освестиме и отрезниме дека состојбата не е добра.
Зибери ја искоментира и актулената ситуација со дојавите за бомби во училиштата, со кои, според него, директно се нарушува правото на образование на децата. Побара од надлежните институции да бидат поефикасни во разрешницата на ситуацијата или да се најде алтернатива за децата да не губат драгоцено време од наставата.
Тоа директно значи повреда на детските права во областа на образованието, секако дека сметам дека тоа е слабост на институциите надлежни за преземаење на мерки за обезбедување соодветен простор за изведување на образовниот процес. За мене е несфатливо како после месец и нешто од првата појава на ваквите случувања се уште немаме видливи резултати.
Зибери на прес-конеферецнијата ги презентираше наодите за правичната застапеност, а според извештајот, од 2007 година досега, бројот на Македонци во јавниот сектор се намалил за околу 14 илјади, додека пак во истиот период, бројот на вработени Албанци се зголемил за околу 7 илјади. Според Зибери, клучниот проблем во институциите сега е превработеноста и некомпетентноста, што доведува до нивна нефункционалнсот и несоодветна услуга за граѓаните.