Под влијание на циклонска активност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во повеќе делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Поради продор на постуден воздух од север, во деновите од викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските места. На повисоките места и на планините врнежите ќе преминат целосно во снег.

На планините се очекува формирање на нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри. Помала снежна покривка од два до десет сантиметри се очекува да се формира и на повисоките населени места.

Од почетокот на следната седмица, односно од понеделник, метеоролозите најавуваат стабилизација на атмосферските прилики, со суво, стабилно и значително постудено време.