Општина Аеродром следната недела ќе спроведе презентација и јавна анкета на коригираниот предлог – Детален урбанистички план (ДУП) за населба Лисиче.

Од општината најавија дека втора јавна анкета ќе се одржи од 3 до 10 јули.

– Во периодот од 3 јули до 10 јули, Општина Аеродром ќе спроведе втора јавна анкета која се однесува на коригираниот предлог за овој ДУП, кој е ревидиран и во себе ги опфаќа најголем дел од забелешките кои беа поднесени од жителите преку анкетните листови.

Јавната презентација ќе се одржи на 05.07 во просториите на ООУ ,,Димитар Македонски”, а коригираниот предлог-план ќе може да се види секој ден за времетраењето на анкетата и рокот за поднесување на анкетните листови, велат од општината.