Брзи пари преку гледање реклами. Ветување илјадници евра за максимум до 75 дена. Дел од граѓаните наседнаа на нова понзи шема наречена „Конти“. Вавката шема одзеде милиони евра од многу граѓани.

Најуспешниот инвеститор на денешната, Ворен Бафет во последните 30 години во просек има ROI (Return of investment) од 13.65% годишно.
Значи, најуспешниот инвеститор на светот доколку вложи 10.000 евра годинава, на нив во просек ќе заработи 1365 евра.
Но затоа, Миле од Кавадарци, Ѓоко од Велес, Стојан од Скопје и Митре од Штип… мислат дека ако вложат во 10.000 евра во некакво Конти ќе добијат 5.000.000 во една година.
Од Соња Николовска и ТАТ па наваму, на истата финта паѓаат истиот карактер на луѓе. Луѓе кои наместо да им купат нешто на своите деца, тешко заработените пари алчно ги вложуваат во некакви Понзи Шеми.
Без работа нема пари… Дури и да си Ворен Бафет секој ден со часови ќе ги анализираш твоите акции, обвзници, фјучерси и индекси, за некакви 13.65%, пишува Златев.


Според проценките на оваа измама наседнаа повеќе од 14.000 луѓе. На Телеграм групи граѓаните се жалат дека наседнале на измамата, а админите пишуваат дека трансакциите нема да се реализираат, а самите бегаат од одговорност.