Денеска Европската унија го казни американскиот технолошки гигант Apple со 1,8 милијарди евра или две милијарди долари поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика.
Apple ги спречува ривалските компании за стриминг музика, како што е шведскиот Spotify да ги информираат сопствениците на Apple iPhone-и дека можат да се претплатат на нивните услуги за помалку, надвор од продавницата за апликации на Apple, јавува CNN.
Шефот за конкуренција и дигитализација на ЕУ, Маргрет Вестагер, рече дека Apple ја „злоупотребил својата доминантна позиција“ како дистрибутер на апликации за стриминг музика.