„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата.
Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, велат од федерацијата.
Полицијата потврди дека две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш, членови на алпинистичкиот клуб „Плоча” од Радовиш, ангажирани за чистење на високи, недостапни силоси“, велат од Алпинистичка федерација.
Мајсторски 20 години работел како снимател во Регионална телевизија Кобра и локалната ЕМИ телевизија, а негово последно снимање било на дебатна емисија со кандидатите за градоначалници на Радовиш.