Сепак, одзивот на граѓаните досега е под очекувањата. За два часа се вакцинирале педесетина лица, што е далеку под капацитетот на овој регионален пункт, пренесува порталот Сакам да кажам.

– Денеска почнавме со вакцинирање во 10 часот бидејќи така беа закажани термините. Досега имаме вакцинирано педесетина лица, но постојано доаѓаат нови, па овој број сигурно ќе биде далеку поголем до крајот на денот, иако доста од оние кои добиле покана не дошле да се вакцинираат. Сега се вакцинираат лицата на возраст од 75 години и повеќе и со нив ќе работиме до петок. Најстариот тетовец кој денеска се вакцинираше има 101 година. Исто така, денеска ги повикавме на вакцинација и докторите, медицинскиот персонал и матичните лекари. кои иако беа на приоритетната листа, од одредени причини тогаш не се вакцинирале. Очекуваме наскоро уште повеќе да се спушти старосната возраст, со што и многу повеќе лица дневно ќе се вакцинираат. Капацитетот на овој регионален пункт е 1.500 лица на ден, изјави Дрита Зибери, главна сестра на пунктот за вакцинирање против ковид-19.

Административниот дел од работата ја вршат студентите од шеста година од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово, а има испомош и од учениците од Средното медицинско училиште од Тетово.