Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.