Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.