На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. велат од МВР.