Детални информации за ангажманот на армиските припадници од земја и од воздух, денеска ќе бидат соопштени на прес конференција во Центарот за обука на пилоти, касарна „Страшо Пинџур“ – Петровец.

Прес конференцијата со почеток во 13 часот ќе ја одржат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, бригадниот генерал Бесник Емини, командант на Командата за операции на Армијата и полковникот Стојко Пејовски, командант на Воздухопловниот ВИНГ.