17 јуни…

Пишува: Илија Димовски

Потпишувањето на Преспанскиот договор токму на 17 Јуни, ден, пред 34 години, кога формално се обнови идејата на историското ВМРО, во лицето на ВМРО-ДПМНЕ, за независна македонска држава, е јасен знак како ВМРО го доживуваат сите противници на воозобновување на идејата за Македонија како слободна и независна држава, матица на македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото имаше многу успеси и падови.
Успеа во големи свои идеи, но падна на други.
Организација постои заради идејата.
Идејата е јасна, слободна македонска држава и слобода и човекови права за сите Македонци каде и да живеат на Балканот и во светот.

Нови времиња пред нас, нови предизвици.
Да бидеме мудри, паметни и истрајни во борбата.
Ниту една праведна битка не започнала со успех.
Ниту една праведна битка не завршила со неуспех.
Да живее идејата за слобода на Македонија!
Да живее Македонија!