На социјалната мрежа Фејсбук излезе фотографија од тоа како изгледа претепаниот струмичанец во експлицитнито видео кое го видовме денес.
Фотографијата ја постави Геге Демировски, претседател на една од ромските партии во Македонија.
Aлександар Трајков, викан Сашко Сали, телохранителот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е едно од десетината лица кои денеска во Струмица брутално претепаа маж со тупаници, клоци и со палка – сведочат граѓани за Радио Лидер.
Првиот човек во обезбедувањето на лидерот на СДСМ, јавноста за прв пат го запозна за време на немирите на 27 април во Собранието кога лично го штитеше Зоран Заев.
Важи за човек кој често влегува во конфликти. Во 2016-тата Трајков претепа десетина лица во сискотеката Платиниум во Стримица. Тој без повод и причина пред дискотеката со тупаница удрил едно лице, а потоа влегол во дискотеката и претепал се пред себе. По неговиот поход, три лица завршија во болница со тешки повреди.
За случајот МВР му поднесе прекршочна пријава на Aлександар Трајков, откако претходно и покрај најмалку две пријави за насилство врз сограѓани без повод и причина беше недостапен за полицијата, а случајот не беше наведен во редовниот билтен на МВР испратен до медиумите.
Тогаш од СДСМ соопштија дека телохранителот на Заев бил приватно излезен во Струмица, додека претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид. Од партијата тогаш соопштија дека Трајков до расчистување на случајот бил отстранет од придружбата на Заев.
Истиот тој, бодигардот на Заев се спомнува како еден од десетте насилници кои денеска во Струмица, за кои се тврди дека се обезбедувачи на Заев, претепаа еден човек на улица, а за тоа излезе и видео.
Непријатна сцена во центарот на Струмица
Видеото е продолжение и не ја претставува целата вистина. Се надеваме дека во Струмица на улица нема да бидеме сведоци друг пат на ваков срамен чин.
Posted by Strumica Online on Thursday, 18 March 2021
Во градот, почнаа да се шират шпекулации дека починатиот им подлегнал на повредите по што редакцијата на Радио Лидер се обиде да добие подетални информации од МВР.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски спушташе на нашите телефонски повици по што ја побаравме портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска.
Рендевска го потврдува настанот, додавајќи дека на терен биле испратени екипи но и брза помош и јавен обвинител. На прашањето дали претепаниот е жив, портпаролката ни одговори.
-Не, знам. Ќе имаме повеќе детали утре, рече Рендевска.