Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

– Од петок температурата ќе биде во постепен пораст, но за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога се очекува и локално невреме, информираат од УХМР.