По неколкугодишната пасивност и застој за нови страснки инвестиции, конечно во последните шест месеци се случува целосен инвестициски бум во Македонија. Под раководство на новата администрација предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедени се шест нови странски инвестиции со кои се отворени над 2.000 нови работни места.
„Алказар Енерџи“
Инвестиција: 500 милиони долари
Проект: Изградба на ветерни турбини во општините Радовиш, Штип и Карбинци
Влијание: Поставување на 55 турбини за снабдување со електрична енергија на 100.000 граѓани, отворање на 630 нови работни места
„Епсотех Аим“
Инвестиција: 20 милиони евра германско-белгиска инвестиција
Проект: Развоен и истражувачки центар во индустриските и технолошките зони на општина Петровец
Нови работни места: 110
„Вабтек“
Инвестиција: 35 милиони евра американска инвестиција
Проект: Производство на системи за сопирање на шински возила во Технолошко индустриската развојна зона во Скопје
Нови работни места: Повеќе од 100
„BMZ Group“
Инвестиција: 65 милиони евра
Проект: Производство на литиум-јонски батерии во Технолошко индустриската развојна зона во Скопје
Нови работни места: 700
„Брејнчајд“
Инвестиција: 8,5 милиони евра
Проект: Се наоѓа во зоната Жабени
Нови работни места: Повеќе од 100
„АД БАУ Интернационал“
Инвестиција: 7 милиони евра швајцарски капитал
Проект: Производство на модуларни конструкции
Нови работни места: Повеќе од 200
Целосен инвестициски бум
И покрај тоа што ја наследи, како што ја опишуваат, тешката економска состојба, Владата ја истакна посветеноста на спроведувањето на економските политики насочени кон привлекување и странски и домашни инвестиции. Овие напори, како што тврдат, се отворање нови работни места, подобрување на бизнис климата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.
Владата дополнително ја истакна својата посветеност на поттикнување партнерства со инвеститорите и забрзување на економскиот развој на земјата.