Министерството презема активности за безбедно враќање во земјата

22 македонски државјани, меѓу кои и членови на нивните потесни семејства, побарале помош за напуштање на територијата на Израел. Бараат да се вратат во Македонија. Министерството за надворешни работи  соопшти дека се работи на нивна скора евакуација и безбеден трансфер до соодветна локација.

МНР нуди помош за македонските граѓани во Иран и Израел

Дипломатските претставништва во постојан контакт со граѓаните

Според МНРиНТ, дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во континуирана комуникација со македонските граѓани, додека ресорното министерство обезбедува сите неопходни услови за нивно безбедно враќање во земјава.

Апел за воздржаност од патувања кон ризичниот регион

Со оглед на влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, МНРиНТ уште еднаш апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања кон Израел и Иран, сè додека не се подобри безбедносната ситуација.

Отворени СОС линии и кризен штаб 24/7

Министерството формираше кризен штаб кој работи 24 часа дневно и обезбедува постојана поддршка и асистенција.
Контакт информации за помош:

Амбасада во Тел Авив:
📞 +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
📧 telaviv@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи:
📞 +389 75 273 732 / +389 75 268 736
📧 globalsos@mfa.gov.mk

Извор: Миа