Од Влада денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Македонија, денеска заминале за Грција каде им е обезбедено трајно прибежиште.

– Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, наведоа од Влада.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

– Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, посочија од Влада.