Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал.
– Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот без посебни пропусници.