Анкетата се однесувале и на тоа дали граѓаните се задоволни со мерките кои Владата ги презема за да се справи со криза, на што мнозинството (53 проценти) смета дека власта не прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието.

Од оваа анкета може да се забележи дека секој втор сака да се вакцинира. Освен овие прашања, има анкети на повеќе теми, а тие може да ги погледнете ТУКА.

Овие прашања се поставени со цел, како што велат од Институтот за демократија, да ги информираат пратениците и креаторите на политиките за тоа што граѓаните мислат за вакцинација и дали се задоволни од мерките.

Прашањата биле дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1 010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.