Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 62-годишникот бил уапсен затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
