Двајца тинејџери нападнале 18-годишно момче во Аеродром. Според пријавата на неговиот татко, тој подолго време бил вознемируван додека биле во училиште, а случајот го пријавиле и во надлежните служби на училиштето.
Според информациите на МВР, вчера Д.Т.(66) од Скопје пријавил во полиција дека на 14 мај, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот син К.Т.(18) бил физички нападнат од Р.А.(18) од село Трубарево, скопско и 17-годишник.
Според пријавеното, тој подолг временски период бил вознемируван од лицата во кругот на средно училиште во кое учеле, а тоа било претходно пријавено во службата на училиштето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
