Неговото семејство во неможност да стори било што, со барање за помош се обрати до редакцијата на А1ОН.

Тие велат дека со часови се префрлани од клиника на клиника, во ковид-центрите, но дека секаде ги одбиваат со образложение дека нема место. Во меѓувреме, Шакир чека во болничкиот ходник на Клиниката за трауматологија, откако претходно бил вратен од Инфективната клиника и од Клиниката за неврологија каде што има ковид-центри.

-Татко ми е дијабетичар, срцев болесник, со вграден пејсмекер и сатурација 80. Од вчера вечерта се обидуваме да го хоспитализираме, но залудно. Избезумени сме. Човекот едвај дише, а со часови седиме во болничкиот ходник, никој ништо не ни кажува, само не препраќаат од клиника до клиника, вели неговиот син Арет.

Позитивниот тест за Ковид-19 Шакир го добил вчера во приватна болница, од каде рекле дека веднаш му е потребна хоспитализација.

Целиот текст на: А1ОН