Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.07.2022) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 91 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 мерки за недавање првенство на пешаци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.