Деветнаесет деца се повредenи откако возило влетало во дневен престој за деца во северна Калифорнија.
-Тие се пренесени во болница, како и еден вработен во установата, но нивните повреди не се опасни по живот, соопшти локалната полиција.
Теренско возило се залетало низ ѕид на христијанската предучилишна установа „Голема авантура“ вчера попладне.
Властите информираат дека смртен случај нема, ниту се очекува.
Возачот е жена од Андерсон и таа соработувала со властит, не била под дејство на алкохол или опојни дроги. По дадената изјава во полиција била пуштена, а истрагата продолжува.