Во текот на вчерашниот ден 340 возачи се казнети за брзо возење во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа, информираа денеска од МВР, 165 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.