Во присуство на раководството на МВР, претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, полициски аташеи, соработници, беа уништени околу 1.400 килограми различни видови наркотични дроги и околу 270 парчиња разновидно оружје, одземени во 2022 година по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење.

Ова е второ уништување за шест месеци со вкупно уништени околу 12 тони различни видови дрога и психотропни супстанции во печките на Макстил.

Минатата 2022 година ја завршивме со запленети рекордни над 2.4 тони дрога и 20 тони прекурсори, сузбиени беа 12 организирани криминални групи со откриени над 660 кривични дела и 770 сторители на кривични дела. Во делот на борба против недозволена трговија со оружје имавме над 18% зголемена откривачка дејност со откриени 127 парчиња оружје и 5103 парчиња муниција, потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.