Изјавата следеше откако Европската агенција за лекови (ЕМА) во својата денешна одлука вакцината „АстраЗенека” ја прогласи за безбедна.
-Билансот корист-ризик останува позитивен и нема пречки сите земји на ЕУ да продолжат да вакцинираат со лекот, додаде Кирилов.
Тој додаде дека при обдукцијата извршена врз почината жена во Пловдив не била докажана поврзаност меѓу примената вакцина и причината за смртта, бидејќи кај починатата жена не биле пронајдени тромбови.
Кирилов додаде дека од утре Бугарија ќе продолжи со вакцинацијата со „АстраЗенека”, а за оваа цел ќе го пушти во употреба сето количество од оваа вакцина – 100.000 дози.