Според оваа одлука, која ќе важи до 7 јуни годинава, комплетиран е списокот со услови за влез на странски државјани во Грција.
Деца постари од 5 години сè уште треба да направат ПЦР-тест. Новина е дека се пропуштаат туристи од БиХ, па дури и од Република Српска, што не беше случај досега.
Формулар, вакцина, сертификати …
Списокот со услови за влез во Грција е следен:
1.Пополнета формулар на PLF
Овој формулар можете да го најдете на travel.gov.gr
2.Доказ за имунизација
Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина, последната доза мора да се добие најмалку 14 дена пред пристигнувањето.
Ако не сте биле вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа (сепак задолжителен за деца над 5-годишна возраст (кои наполниле 5 и повеќе години). Ако сте прележале корона вирус, на увид треба да дадете потврда дека сте боледувале од корона во период од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Тоа ќе го потврдите со тогашен позитивен ПЦР тест или тест за антитела кога е дијагностициран вирусот.
Новини во одредбата
Тоа што е новина е промената на забраната за влез во земјата за граѓаните на Босна и Херцеговина кои од денес влегуваат под истите услови како и оние граѓани кои претходно ја добиле таа дозвола (на пример Србија или Македонија).
Сепак, ништо не се смени за граѓаните на Црна Гора. Ако имаат сопружник или родител со српски пасош (или пасош на ЕУ или некоја од земјите што имаат дозвола за влез, можат да аплицираат за дозвола во конзуларниот оддел на грчката амбасада во Подгорица.
Преминот Евзони останува отворен од 7-23 часот (по грчко време).