„Црвено – жолтите“ влегоа во натпреварот како фаворити, но првото полувреме донесе резултатска изедначеност на теренот, пред сè поради очајниот шут од далечина и реализираните само два од вкупно 17 обиди за три поени.
Македонските кошаркари го скршија отпорот на противникот дури во последната четвртина во која со неколку тројки поведоа со двоцифрена предност и на крајот се радуваа на убедлива победа.
Противник на македонската репрезентација утре во рамки на второто коло е Романија со почеток од 16:30 часот.