Валас истакна:
– Во изминатите 24 часа извлековме 2.000 луѓе, односно 10.000 луѓе од април. Фокусирани сме да извлечеме што е можно повеќе луѓе. Но, нивото на предизвик е такво што нема да можеме да ги извлечеме сите. Мораме немилосрдно да воведуваме приоритети
Тој нагласи дека „доколку е можно би сакале да останат и по 31 август, но за тоа одлучуваат САД и талибанците“.
– Талибанците можат многу да ни го отежнат животот. Се ќе зависи од договорот меѓу САД и талибанците. Ако Америка одлучи да не остане по 31 август, тогаш и ние ќе заминеме на тој ден, заклучи британскиот министер.
Валас, исто така, одговори на критиките дека Велика Британија може да испрати уште војници барем привремено да го задржат и заштитат аеродромот во Кабул.
– Да, можеме да испратиме наши трупи да го контролираат аеродромот, но тука не станува збор за силата и големината на нашите вооружени сили. Овде станува збор за тоа дали меѓународната заедница сака повторно да се вклучи во вооружена борба. Можеме да испратиме илјадници војници и да го обезбедиме аеродромот. Но, со која цел? За некој да пука во нив? Мислам дека тоа не е решение, изјави британскиот министер за одбрана.